Обвинителство отвори истрага за паѓање на сајтот на ДИК

Четврток, 05 Ноември 2020

Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага против пет лица, за набавката на софтвер за потребите на ДИК за предвремените парламентарни избори. За злоупотреба на службената положба осомничени се четири лица од ДИК, членови на Комисијата за јавни набавки и управител и сопственик на фирмата која го доби тендерот за да го направи софтверот за внесување на изборните резултати во реално време. Утврдено било дека програмата не била тестирана воопшто, а при изготвувањето на условите за тендерот бил консултиран и учесник во постапката. Со ова фирмите протпивправно наплатиле преку 1,2 милиони денари. Обвинителството предлага на осомничените да им се земат пасошите и да се јавуваат во судот.

Истрагата уште на крајот на јули ја најави шефицата на ова Обвинителство Вилма Русковска. Таа тогаш кажа дека обвинители и истражители од Одделот за организиран криминал и корупција вршат претрес во Државната изборна комисија со цел да стасаат до документацијата за договорот меѓу ДИК и компјутерската фирма што ја изработи апликацијата за следење на резултатите на изборите.

И Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР го истражуваше хакерскиот напад кој во текот на изборната ноќ ѝ се случи на Државната изборна комисија (ДИК), при што падна веб-страницата и неколку дена не функционираше, а во јавноста постојано излегуваа информации со нелогични резултати.

Договор за софтверот што го користеше ДИК, непосредно пред изборите, бил склучен со фирмата „Дуна“. Тој е потпишан на две недели пред одржување на изборите, на 29 јуни 2020, а во описот на оваа јавна набавка пишува дека е за софтверски пакети и информатички системи и за ИТ-услуги: консултации, развивање софтвер, интернет и поддршка.



Last modified on Четврток, 05 Ноември 2020 - 14:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.