Помош за 300.000 граѓани од државата

Петок, 06 Ноември 2020

Владата го усвои законот со кој на ранливите категории ќе им се доделат 6.000 денари, како дел од антикризните мерки од четвртиот пакет на мерки. Станува збор за околу 26 милиони евра кои ќе им бидат распределни на околу 300 000 граѓани на нивните трансакциски сметки, а кои ќе бидат наменети за купување домашни производи, објави Министерството за финансии на својот фејсбук-профил.

Финансиската поддршка се однесува на пасивните баратели на работа, корисниците на пензија во висина до 15.000 денари, самохрани родители, уметници ангажирани од правно лице регистрирано за дејност од областа на културата, филмски работници кои последните пет години работеле на минимум три филма поддржани од Агенцијата за филм и естрадни уметници членови на Здружението на естрадни уметници на Македонија.

Сите овие категории треба да се евидентирани во надлежните институции заклучно 27 септември 2020, со нето-доход од јануари до август 2020 не повисок од 120.000 денари. Исто така, се однесува на корисници на социјална сигурност за стари лица за граѓани со над 65 години евидентирани во центрите за социјална работа, млади лица од 16 години до 29 години активни учесници во формалното средно образование и високото образование (кои не добиле домашна платежна картичка и дeца без родители и родителска грижа.

Како што наведуваат граѓаните не аплицираат за мерката, туку листи со корисниците прават Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјала и Министерството за образование и наука во координација со другите надлежни институции.

Генералниот секретаријат на Владата ги собира листите со граѓани и ги распределува корисниците по банките. Крајните листи на корисници се објавуваат на www.kupuvamdomasno.gov.mk. Средствата ќе се исплатат на трансациската сметка на корисникот,а за оние кои не поседуваат ќе им биде отворена.

Ако граѓаните ги исполнуваат условите, а ги нема на листа во рок од три дена од објавување, може да поднесат приговор на kupuvamdomasno.gov.mk со наведување: ЕМБГ, име и презиме, адреса на живеење, општина и е-маил.

???????? Владата го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на пензионерите, самохраните родители, децата без родители,...

Posted by Министерство за финансии/Ministria e Financave/Ministry of Finance on Wednesday, November 4, 2020
Last modified on Петок, 06 Ноември 2020 - 13:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.