Премиерот Зоран Заев ја прими Наградата за човекови права за 2020 на Фондацијата „Фридрих Еберт”

Понеделник, 16 Ноември 2020

Премиерот Зоран Заев денеска во Брелин ја прими наградата за човекови права за 2020 година што ја доделува Фондацијата „Фридрих Еберт”.

Наградата за извонредни достигнувања во сферата на човековите права на македонскиот претседател на Владата му ја врачи Хеико Мас, Министерот за надворешни работи на Германија.

Од Фондацијата „Фридрих Еверт“ посочуваат дека преку наградата за оваа година е важно да се нагласат успесите на оние кои се спротиставиле на негативниот тренд во кој голем број авторитарни режими ги ограничуваат човековите права.

„Ваков светол пример за надеж е Зоран Заев, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Успесите на Заев не се основаат само на фактот дека неговата Влада го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија во 2017-та година или потпишувањето на Договорот од Преспа со Република Грција со кое се стави крај на 27-годишниот спор за името, туку пред сѐ во самата Северна Македонија. Уште повеќе, како предводник на опозицијата, Заев се издвои како личност од исклучителна важност во борбата за граѓанските и човековите права на сите македонски граѓани, со што на мирен начин се залагаше за нови избори во рамки на движењето „Шарена револуција“. По бројните разочарувања, реформираната политиката на Заев уште во март доведе до позитивна одлуката на државите-членки на ЕУ да ги започнат преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, што во голема мера го изгради патот за влез на Северна Македонија во НАТО, како нејзината 30-та членка“, велат од Фондацијата.

- „Верувајќи во мултилатералниот пристап успеавме да се дигнеме над проблемите и заедно со нашите партнери во Европската Унија и НАТО да почнеме да закрепнување. И во сите тие услови рековме дека е време за дијалог за сите отворени прашања“, рече премиерот Зоран Заев при примањето на наградата за човекови права за 2020.

Тој нагласи дека парите од наградата ќе ги донира во нашиот државен здравствен солидарен фонд во борба против Ковид 19.

По доделувањето на наградата, Премиерот Заев учествуваше на дискусијата на тема: „Како да ги заштитиме човековите права и мултилатерализмот во време кога овие вредности се под голем притисок?“.

 

Last modified on Понеделник, 16 Ноември 2020 - 18:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.