Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Среда, 25 Ноември 2020

Владата го задолжи Фондот за панзиско и инвалидско осигурување на РСМ да ги достави денеска податоците за пензиските осугуреници до деловните банки во државата, а од утре (четврток 26.11.2020 г.) да започне исплатата на ноемвриските пензии.
Покрај тоа, Вадата на денешната седница им препорача на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2020 година.

Поради состојбата со коронавирусот и избегнувањето гужва пред банкоматите и банкарските шалтери во одлуката на Владата за исплата на пензиите преку Фондот на ПИОМ стои распоред на скалесто исплаќање на пензиите според висината на истата.
Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

- За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток);

- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок);

- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и

- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).

 

 

Last modified on Среда, 25 Ноември 2020 - 14:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.