Топ Новости

Четврта конференција за друштвен активизам ENGAGE

  • Недела, Апр 19 2015

 


{flike}


 

- „Работиме под постојана компресија на власта која смета дека може да ги поседува нашите мисли, која сака да напави зомби општество и сведоци сме дека делумно успева во тоа. Кога ќе го убиете духот на народот тоа е поразително., тогаш настанува апатијата“, рече илустраторот во неделникот „Фокус“ Игор Стевковски-Стевац пред публиката на четвртата конференција за граѓански активизам ENGAGE, одржана вчера, сабота 18 април во Младинскиот Културен Цеентар во Скопје.

На настанот учествуваа домашнии странски активисти, новинари, креатори на онлајн иницијативи и ИТ експерти кои споделија знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, образование, животна средина, протокот на информации и можностите за граѓанска мобилизација преку интернет. Организаторите, Младинскиот Образовен Форум, Радио МОФ, преку ENGAGE, ги спроведуваат стремежите да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор.

Со 12 говорници, 6 работилници, 2 панел дискусии, 400 гости во публика, обезбеден аудио и видео стриминг и follow up работилници за најпосветените учесници, ENGAGE обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобруваат општетството во кое живееме.

Следејки ја и ценејќи ја ангажираноста на „АРСЕНА“ за конкретниот проблем со неспрвната вода за пиење во Гевгелија и конкретните општествени ангажани, од организаторите добија покана и можност да ги споделат своите искуства, како учесници на панел дискусија на тема: „Вода, Воздух, Земја, Активизам” каде што заедно со НВО од Битола и Тетово, ангажирани во сферата на загадувањето на животната средина, беа споделени искуствa и знаења со учесниците на конференцијата.

Во излагањата се коментираше по областите:
- Алатки за граѓанско учество и влијаење врз политиките кои најдиректно се одразуваат на здравјето и средината на граѓаните
- Дали проблемите кои не се „видливи“ (загаден воздух и вода) полесно се игнорираат?
- Кои иновативни начини може да се користат за да се истражи проблемот но и да се мотивираат повеќе луѓе да дејстуваат?
- Дали може граѓаните да учествуваат во политиките кои се однесуваат на заштитата на нивната непосредна животна средина?

Дискусијата ја започна Јованка Дојранлиева, од иницијативата „АРСЕНА“ од Гевгелија која ги сподели со присутните статистичките податоци за бројот на заболени лица од неоплазми (сите видови малигни заболувања) во општина Гевгелија од 2005 година наваму, споредено со бројот на смртноста и фрапантниот податок, дека и бројката на заболени расте , како и процентот на нивната смртност, што ја сместува Гевгелија меѓу рекордерите во државата со 20% смртност како последица на ноплазми. Причината за ваквите состојби е долгорочната изложеност на отровниот металоид арсен во водата од гевгелискиот водовод која е забранета за употреба од страна на човекот од октомври 2012 година, а досега нема никакво решение од страна на локалните власти и јавното комунално претпријатие. Наспроти молкот на институциите во гевгелиската болница расте бројот на хирушки зафати на рак на дебелото црево, рак на дојката со енормена амплитуда од 400% за разлика од годините кога во болницата имало една, или ниту една хирушка интервенција за отстранување на малигни клетки од организмот.
- „Арсенот е металоид кој само после 10 часа од внесувањето во организмот (преку вода, или храна приготвена со загаена вода) влегува во крвотокот на телото, успева да се инкорпорира во метаболизмот и да се таложи во организмот. Така, загрозени се сите кои употребуват небезбедна вода од гевгелискиот водовод, дури и неродените мајчини плодови, кои преку плацентата можат да го примат арсенот од крвотокот на мајката. Со тоа ни се заканува опасност да ни се раѓаат деца кои уште во утробата се  контаминирани со арсен, односно да ни се раѓаа низа од контаминирани млади генерации“, заклучи Дојранлиева, повикувајќи на поголема одговорност на локалната самоуправа која располага со буџет кој може да го усмери за решавање на ова важно животно прашање за гевгеличани.

Ениса Бајрами од Тетово во своето излагање потсети на законските права секој граѓанин да има пристап до здрави ресурси за живот, а тоа се вода, почва, воздух. Како град под Шар Планина сигурно сме мислеле дека ги имаме сите привилегии, но последните податоци покажуваат енормна загаденост. Познат е и причинителот на таквата состојба, а тоа е комбинатот „Југохром“ од Јегуновце.  - „Нашите активисти поттикнаа илјадници граѓани на протест низ улиците на Тетово со барање за чист воздух. Не’ обвинија дека сме сакале да го затвориме комбинатот, но нашата цел е комбинатот да продолжи да работи, но да ги задоволи еколошките стандарди, да ги набави потребните филтри за отпадните материи, а дотогаш да биде вон функција. Да не не’ загадува и понатаму“, беа заложбите на Ениса.

Душко Груевски од Битола го посочи проблемот со загадениот воздух во Битола како резултат на работењето на РЕК Битола кој дневно произведува 150 тони летечка пепел и над 5.000 тони јаловина.  Со овие резултати ќе се запрашаме: - „Дали имаме право на чист воздух?“, истакна Груевски. Тој истакна дека според податоците од Институтот за јавно здравје на РМ најголем пораст на болесници од неоплазми на возраст до 6 години, на државно ниво, има во Пелагонискиот регион, 183 деца. Исто така и бројот на починати лица е енормно голем, 222 лица, па така според последните податоци стапката на смртност во пелагонискиот регион се искачи на високите 25%.
По реакцијата на граѓаните да се превземе нешто повеќе по ова прашање, претставник од општинскиот Совет им одговорил: „Ние неможеме да се справиме со ситуацијата“, а самиот градоначалник на Битола Талевски одговорил: - „Ние не можеме ништо против божјите сили“.
Економските експерти и рударско-енергетските стручњаци велат дека за решавање на проблемот со загадувањето на РЕК, за набавка на филтри, поставување нова механизација за експлоатација на рудата, потребни се 12 до 13 милиони евра. Ако РЕК Битола нема пари за филтри и да го спаси населението од пелагонискиот регион, како тогаш Електро комбинатот во Скопје има 14,6 милиона евра за изградба на нова барокна зграда во Скопје?“, посочи прота Груевски кој на ваков начин ја потенцираше одговорноста на надлежните загадувачи и државни институции задолжени за заштита на животната средина. - „Ако мислиме само на екологија, ќе нема економија“, бил одговорот на еден од државните функционери надлежни за заштита на животната средина, што само по себе укажува колкава е грижата на власта за здравјето на граѓаните, и за она што значи нивна надлежност доверена со самата функција.

Модератор на дебатата беше Кирил Пржо, граѓански активист и дипломиран биолог.

 

“ENGAGE – Конференција за друштвен активизам” се спроведува во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија, во партнерство со четири граѓански организации: Младински образовен форум (МОФ), Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Од меѓународните граѓански активисти, оваа година, на ENGAGE учестваа и:
Питер Сунде (@Flattr,@IpredatorVPN, @TPBdotORG,@HemlisMessenger, Финска/Норвешка),
Владан Јолер (Share Foundation, Србија),
Срѓа Поповиќ (Отпор, Србија),
Смари МекКарти (smarimccarthy.is, Исланд),
Ина Шефченко (Femen, Франција).

- „Engage го правиме за да инспирира, сакавме да направиме катче каде секој има што да каже, некоја вредност, исксутво да сподели со група, со активисти, млади и не млади луѓе, кои сакаат да го подобрат општеството“, изјави за настанот Дона Костуранова, извршен директор на Младински образовен форум. 

 




 

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.