Топ Новости >

Осмомартовски марш: Заедно можеме! Со љубов за Македонија!

  • Недела, Мар 04 2018

{flike}


Во пресрет на Денот на жената - 8 март, традиционално жените од СДСМ маршираа во Куманово.

- "Денеска гордо марширавме за да испратиме силна порака - Заедно можеме, заедно сме посилни! Правата на жените во Македонија со години беа уназадувани, но тоа веќе никогаш нема да го дозволиме. Со дела, нови закони и многу почит, новата Влада ги унапредува правата на жените. Секоја жена ќе добие шанса и еднакви можности и нема да запреме додека ова не биде реалност. Само обединети околу оваа заложба тоа можеме и да го постигнеме. Жените секогаш ќе имаат сојузник во мене. Ветувам дека нема да престанам да се борам за нивна рамноправана положба во општеството“.

Со овие пораки, организаторот на маршот, Форумот на жени на СДСМ се обрати до припадничките на понежниот пол кои во илијадници денеска маршираа низ Куманово на заеднички марш посветен на Денот на жената: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!“

На пригодниот собир пораки доприсутните испратија: потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, со зборовите: „Жената со глас е силна жена. Жените обединети во еден глас се моторот на промени. Промени за подобро!“

- "Жените се потребни за целосен напредок во општествто“ порача Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ.

 Цвеќе за добредојде во храбриот град Куманово на жените им посака претседателот на СДСМ Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Куманово Максим Димитриев.

- „Давам поддршка, охрабрувам и барам: Направете место за жената во општеството! Како поединци, државни институции, општини, активирајте се и покренете ги сите потребни процеси: одлуки, промени на закон, придонес кон трансформацијата на јавната свест.

Жените се неопходни во сите процеси што ги отворивме во општеството, и како наставнички и негувателки, и професорки, лекарки, медицински сестри, работнички, бизнисменки, и како земјоделки, судијки, новинарки, градоначалнички, и министерки, домаќинки, и како ангажирани во јавниот и општествен живот, затоа што основната клетка на едно општество е семејството“, рече во своето обраќање пред жените учеснички на маршот претседателот на СДСМ, ЗОран Заев.



Маршот заврши со пригодна програма за посетителките, во која учество зедоа бројни уметници, музичари, актери со љубов и респект кон жената и нејзината улога во општеството. 

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Гевгелија одбележан Националниот ден на власите

Членовите на Здружението на власите од општина Гевгелија „Мегленија“, денеска го одбележаа 23 Мај Националниот ден на власите

Повеќе

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.