Топ Новости

Ќе се враќа квалитетот на Фолк Фест Валандово

  • Среда, Мај 09 2018

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на денешната прес-конференција истакна дека „Фолк фест - Валандово“ е значајна манифестација за македонската народна музика, на која во нејзините најдобри времиња се презентирале песни кои потоа станаа толку популарни што многумина веќе не ги доживуваат како авторски, туку како народни песни. Тој додаде дека од тие причини, за разлика од минатите години треба да се подигне квалитетот на фестивалот, вреднувањето на авторите и изведувачите и негување на белезите на нашата народна музика, по која сме препознатливи во целиот свет.

„Пристапот што ќе го градиме заеднички е сосем спротивен на оној што го гледавме во минатите неколку години на неколку музички фестивали, кога се плаќаа по 20.000 или 10.000 евра за прво место, суми што предизвикаа многу клиентелизам, коруптивно однесување, во некои случаи јавноста со денови се занимаваше и со наводи за обиди за измама на гласања на телевоутинг и слично“, рече министерот за култура.

Цветанка Ласкова, советник за култура на премиерот Зоран Заев, истакна дека нејзина и заложба на оваа Влада е од фестивалот да произлезат песни што ќе се слушаат во иднина.

„Мојата заложба отсекогаш била вистинските вредности во културата да си го заземат своето место. Тоа е заложба и на оваа Влада. Емотивно сум врзана со „Фолк-фест Валандово“ и многу добро ги знам чувствата на учесниците и на публиката. Сакаме да им го вратиме тоа чувство на граѓаните зашто и ден-денес си ги потпевнуваме рефрените од „Бисер балкански“, „Една песна“ - композиции кои останаа да живеат. Се надевам дека и од овој фестивал ќе останат рефрени што ќе ги пеат идните генерации“, рече Ласкова.

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на денешната прес-конференција рече дека Фестивалот опстојува повеќе децении и претставува бренд на Балканот. „Во реализацијата на Фолк фест Валандово“ се вклучени голем број професионалци, за да успееме да направиме квалитетен музички производ. Почетоците на фестивалот се од 1985 година. Досега на фестивалот имаат настапено најголемите македонски и балкански звезди од фолк музиката, а исто така се имаат испеано и најголемиот дел од македонските фолк хитови“, рече градоначалникот Костадинов.

Првата вечер на фестивалот, кој е од особено значење за македонската народна музика, ќе биде од ревијален карактер, на која ќе бидат изведени музички нумери од тројца досега најизведувани автори на валандовскиот фестивал - Григор Копров, Миле Барбаровски и Љупчо Трајковски-Фис.

Втората вечер, пак, е натпреварувачка, во чии рамки како што истакна претседателот на Уметничкиот совет на фестивалот, Живоин Глишиќ од пристигнатите 90, ќе бидат изведени 19 композиции. Изведувачите ќе бидат придружувани од оркестар составен од едуцирани музичари од ФМУ, кои сега се членови на оркестрите во МОБ и Филхармонијата. Според Глишиќ, снимањето на материјалот е во завршна фаза и за разлика од минатата година се очекува пред фестивалот да биде издаден и компакт-диск.

Инаку, годинава има новини и во начинот на гласање на фестивалот, така што во одлуката за наградите со 60 проценти ќе учествува жирито, а 40 отсто публиката. Првата награда ќе изнесува 1.500 евра, втората 1.000 евра и третата 750 евра. Жирито ќе биде составено од седум члена, а телевоутингот како начин на гласање се исфрла. Во периодот на гласањето мини концерт ќе има босанската фолк-пејачка Ханка Палдум со нејзиниот оркестар.

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

Шест населени места утре без струја

Кованец, Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“ утре без

Повеќе

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

Асфалтирани три улици во Миравци

Вчера асфалтна постилка доби и улицата „Елена Минчев“ во должина од 130 метри,

Повеќе

Гевгелија го чествува 11-ти Октомври

Денот на македонското востание одбележан со полагање свежо цвеќе на Спомен

Повеќе

СЈО со нови 6 истраги

Подарок, Пропаганда, Дизајн, Хармонија, Базни станици, Пациент, се новите

Повеќе

Нов притвор за криумчар на мигранти

На регионалниот пат Негорци - Прдејци во близина на „Психијатриската болница

Повеќе

11 Октомври - Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.