Топ Новости >

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

  • Четврток, Мај 17 2018

 


- „Прва посета од ваков карактер, посета на британски премиер во Македонија, после долги години е круна на долгогодишното партнерство и пријателство.

Ќе продолжуваме да даваме причини низ демократските добрососедски односи, низ меѓународната соработка за клучните прашања, како што е одржувањето на регионалниот и светскиот мир, да ги одржиме и да ги унапредуваме билатералните односи со Велика Британија и да го добиеме заслуженото место како држава во семејството на демократиите, Европската Унија и НАТО“, истакна на денешниот заеднички прес со премиерката на Велика Британија, Зоран Заев, премиерот на Македонија.

Премиерката на Британија тереза Меј ги поддржа напорите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, нагласувајќи ја силната подршка од Британија за тоа. Таа тоа го истакна на денешната тет-а-тет средба со премиерот Заев, а го повтори и на зедничката прес конференција пред големиот број медиуми.

-„Имате поддршка од Обединетото Кралство на овој пат. Сакаме да ја видиме Македонија како членка на овие асоцијации. Споделуваме воена експертиза со Вас, ја спроведуваме стратегијата на Македонија и како домаќини на самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес во јули, всушност ја докажуваме поддршката, преку подобрувањето на економската стабилност и негувањето на подобра политичка соработка и надминување на проблемите од последните 30 години, што ќе бидат во фокусот на овој самит“, истакна Тереза Меј на пресот во Скопје.

-„Вашата земја Премиере е интегрален дел од Европа и еден просперитетен западно-Балкански регион е од корист за сите, и за регионот и за Европа“, упати пораки за важност на нашата земја премиерката Тереза Меј кон премиерот на РМ Зоран Заев.
Повеќе од видеото:

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

Гевгелија остана без вода

Цистерни за мобилна достава на вода ќе бидат лоцирани на 5 локации низ градот

Повеќе

Потсетување: Прекин на водоснабдувањето во цела Гевгелија

Во недела наутро од 3 до 8:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона Блокотехна. Наполнете вечерва некое шише вода за резерва

Повеќе

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

Патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци ќе се санираат ова лето

Повеќе

Поцков: Намалување на цената за прочистување на отпадните води

Намалувањето треба да биде одобрено од Советот на општината и ќе важи од 1 август до крајот на 2018 година

Повеќе

Мицотакис: Скопје го доби НАТО пасошот

Лидерот на најголемата грчка опозициона партија се жали дека Ципрас и Каменос му го предадоа на Скопје НАТО-пасошот, откако го отстапија македонскиот идентитет и македонскиот јазик

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.