Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

  • Петок, Мај 18 2018

 


Владата си достои на дадениот збор дека ќе го почитува гласот на граѓаните. 

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот „с.Коњско“.

Пресудни фактори за донесување на ваквата одлука на Владата се претходно добиените негативни мислења од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Гевгелија.

На споменатата 66-та седница на Владата на РМ, како 36 точка на дневен ред се најде и повторното разгледување за доделување концесија за детални геолошки истражувања, по претходно барање на Друштвото за трговија и услуги „Резервоар минералс Македонија“ ДООЕЛ Скопје.
Транспарентноста на дневниот ред на ВЕБ страната на Владата ги разгори дискусиите меѓу дел од граѓанството за божемен нов „дил“ на Владата со експлоататорите на минерални суровини, заинтересирани за наоѓалиштата на Кожуф планина. Некои нестрпливи за официјален одговор повикаа на нови протести, доколку Владата не ја почитува вољата на граѓаните искажана на референдум, април минатата година кога 98% од референдумските гласови на граѓаните беа „НЕ“ за рудници на Кожуф.

За да не се подгоруваат шпекулациите во прилог Ви презентираме и извадок од Записникот од 66 седница на Владата на РМ, поточно заклучокот за точка 36 и одбивањето на барањето на „Резервоар минералс Македонија“ ДООЕЛ Скопје за нови минерални истражувања на Кожуф планина, во локалитетот на село Конско, општина Гевгелија и дел од западната страна на Кожуф што припаѓа во атарот на Општина Кавадарци.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.