Топ Новости >

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

  • Вторник, Мај 22 2018

 


Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна затвор за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР.

Покрај ефективната казна судот го задолжи Поповски да ги надомести трошоците за кривичната постапка во износ од 296.523 денари и истите да ги плати во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата. Судот го задолжи да ја надомести и штетата причинета кон МВР во износ од 27.894.522 денари, исто така во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата.

По читањето на пресудата збор доби обвинителката Фатиме Фетаи која поради тежината на делото досудено според кривичниот законик на РМ член 353 став 5, поради злоупотреба на службена должност и овластувања и поради фактот што штетноста на последиците на кривичното дело појавниот имот се големи, а во контекст со фактот дека за овој обвинет се води и друго кривично дело од СЈО, а поради реална опасност од бегство, обвинителката Фетаи побара судот да определи мерка притвор. Тоа ќе биде доволна гаранција за успешно водење на постапката по следниот предмет на СЈО и нема да се случи бегство како во случајот на двајца обвинети кои с веќе во бегство во стрнска држава, со оглед на тоа што обвинетиот Ѓоко Поповски е веќе осуден од Кривичниот суд на РМ со ефективна казна затвор од 9 години.

Судот даде пауза од 40 минути за да се изјасни по барањето за притвор на СЈО.

По паузата, Судот изрече мерка притвор за осудениот Ѓоко Поповски.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

„Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО

Повеќе

Коѕијас денеска со потпис, а утре со писмо до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас писмено го потврдува непротивењето на Грција за напредокот на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Повеќе

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Испитаните примероци вода од езерото од ЈЗУ „ИЈЗ“ покажаа квалитет на вода безбеден за капење и рекреација на луѓето

Повеќе

Собранието го ратификува договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот со Грција. Се чека на Иванов

Повеќе

Томе Главчев со плакета за бизнис личност во 2018 за ЈИЕ

Манифестацијата „Бизнис партнер“ додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018

Повеќе

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.