Топ Новости >

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

  • Вторник, Мај 22 2018

 


После 15 години од последниот одржан ТВ дуел на политички лидери во Македонија и нивно јавно соочување, утре на МТВ во 20 часот е закажан ТВ дуел помеѓу претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонските граѓани го паметат последниот ТВ Дуел одржан во 2002 година помеѓу Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски. Од тогаш, до денес се нема одржано ниту еден ТВ дуел каде што јавноста би можела да ги види ставовите, но и спротивставувањата на власта и опозицијата.

Во 11 годишното владеење на Никола Груевски, немаше ниту еден дуел со лидер од опозицијата, иако многу пати беше повикуван. од ДПМНЕ одговараа дека партиите се соочуваат на избори и секогаш ги избегнуваа ТВ Дуелите.

Дуелот кој го побара лидерот на опозицијата Мицкоски минатата недела, веднаш беше прифатен од премиерот Заев.

Наслов на дуелот е „Една година власт, една година опозиција“.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

„Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО

Повеќе

Коѕијас денеска со потпис, а утре со писмо до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас писмено го потврдува непротивењето на Грција за напредокот на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Повеќе

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Испитаните примероци вода од езерото од ЈЗУ „ИЈЗ“ покажаа квалитет на вода безбеден за капење и рекреација на луѓето

Повеќе

Собранието го ратификува договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот со Грција. Се чека на Иванов

Повеќе

Томе Главчев со плакета за бизнис личност во 2018 за ЈИЕ

Манифестацијата „Бизнис партнер“ додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018

Повеќе

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.