Антикорупциска ќе се пополни со претставници од граѓански организации

  • Сабота, Јун 02 2018

 

 


Премиерот Заев се соочи со граѓанските организации и ги охрабри да конкурираат за места во Антикорупциска комисија која ја контролира работата на Владата и јавните институции во државата.

„Активно учествувавте сите во реформските промени со коишто ја поставивме и ја движиме Македонија стабилно на патот кон Европската Унија и НАТО. Вашето теренско искуство, долгогодишната работа, анализите за клучните состојби во државата се од директен интерес за граѓаните на Република Македонија и помогнаа кога го создававме реформскиот план 3-6-9“, рече премиерот Зоран Заев на отворањето на вчерашниот тематски форум на Цивика мобилитас „Една година Влада- осврт на граѓанските организации“.

 Тој им даде и дополнителна мотивација за понатаможен ангажман: 

-„Лично им се јавив на некои граѓански организации да конкурираат и да мотивираат кадри за регулаторните тела, особено за Антикорупциската комисија која моментално не функционира“, рече премиерот Зоран Заев.
Тој порача СДСМ да не си парви бајрам на умот дека ќе може да бидат дел од Антикорупциската комисија. Премиерот најави нов закон за спречување на корупцијата со кој политичар не ќе може да биде член на Антикорупциската комисија, туку само непартиски лица, експерти и од граѓанските организации.

 - „Мотивирајте ги да се конкурира на регулаторните места. Тие места се за граѓанскиот активизам. И тука ќе има сериозна алатка како да се избориме против корпупцијата. Кај мене во СДСМ да не си прават бајрам на мозокот, таму нема место. Да не се лажеме не може СДСМ да го контролира СДСМ. Дури сум се јавувал по некои граѓански организации. Следуваат конкурси. Внимавајте. Моделирајте луѓе за тие места, нека се кандидираат, бидејќи само тоа е исправно“ – рече Заев на вчерашната средба со граѓанските организации „Средба со Премиерот - прашајте го Заев“, што ја организираше Швајцарската фондација „Цивика мобилитас“.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.