Топ Новости

Прес на Влада: ДА, за македонската иднина!

  • Вторник, Јун 12 2018

 

Владата на Република Македониај денеска со историско решение за идентитетот, македонската иднина и творените врати за евроатланските перспективи.

Премиерот Заев се обрати на јавноста со зборовите:

„Почитувани мои сограѓани, ИМАМЕ ИСТОРИСКО, ВЕКОВНО РЕШЕНИЕ.

Решаваме 25-годишен спор којшто земјата ја влечеше надолу. Кога сите мислеа дека нема излез, ние се одваживме и ТРГНУВАМЕ НАПРЕД.

СО РЕШЕНИЕТО ГО ЈАКНЕМЕ ИДЕНТИТЕТОТ МАКЕДОНСКИ.

Македонски јазик, македонски народ, Македонец, Македонка, заштитени и зајакнати, еднаш засекогаш. Стоиме исправени пред нашите гордости - пред Кирил и Методиј, Климент и Наум, Крсте Петков Мисирков, пред Гоце Делчев, пред Блаже Конески, Кочо Рацин.

Нема веќе ФИРОМ. Нема веќе меѓународни договори во кои се избегнува македонскиот јазик. Решаваме вековно прашање. Свои сме на своето и тоа конечно e признато од сите наши соседи, од Република Грција и од меѓународната заедница. Со овој договор ќе биде потврден и зајакнат македонскиот етнички и културен идентитет, еднаш засекогаш.

Нашата добивка е бесценета - зајакнат идентитет и гаранција за безбедност, стабилност и просперитетна иднина на нашите граѓани.

Нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано, македонско име за нашата држава. Име кое е достоинствено и географски прецизно - Република Северна Македонија (со превод, на сите јазици).

Името е предвидено да биде за севкупна употреба, а ќе се прецизира со амандман во Уставот.

Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во Обединетите Нации.

Македонски, Macedonian, без фусноти. Националноста е македонска / граѓани на Република Северна Македонија.
Или на англиски: Macedonian / Citizens of the Republic of North Macedonia.

Договорот ќе биде презентиран пред сите политички субјекти во државата, а потоа потпишан од претставници на двете влади, после што следува ратификација во Собранието.

Веднаш после ратификацијата, Република Грција ќе испрати писмо до Генералниот секретар на НАТО со кое ќе го извести дека меѓу двете земји веќе нема спор и дека не постојат пречки Македонија да добие покана за членство во НАТО.

Исто така, Република Грција ќе испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, со кое ќе го извести дека веќе нема пречки и дека препорачуваат да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Силно веруваме дека Европскиот совет на 28 јуни ќе донесе одлука за почеток на преговорите за Македонија.

Силно веруваме, на Самитот на НАТО на 12 јули во Брисел, Македонија ќе добие покана за полноправно членство, како 30-та членка на Алијансата.

Почитувани граѓани, ова е вистинското решение. До него стигнавме преку посветен, одговорен и патриотски ангажман. Создадовме историска можност за успех на нашите граѓани. Сите детали се тука, пред очите на јавноста, а ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ Е КОНЕЧЕН.

Како што ветивме, со договорот се гарантира дека на есен ќе има референдум.

Граѓаните ќе одлучат за иднината!

Да кажеме ДА, за македонската иднина“, ова го рече денеска на Прес конференција на Владата на РМ Премиерот Зoран Заев.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.