Топ Новости

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

  • Недела, Јун 24 2018

 

- „Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО.

По постигнувањето на договорот со Грција, министерката за одбрана Радмила Шекеринска писмено бара поддршка за Македонија на Самитот на Алијансата во јули да добие покана за членство во НАТО од своите колеги на земјите членки на НАТО. 

Како што соопшти Министерството за одбрана, со дел од нив Шекеринска имала и телефонски разговори во кои и биле пренесени честитки за постигнатиот договор и изразена поддршка за членството на Македонија во НАТО. 

Во писмото до своите колеги во Алијансата, Шекеринска наведува: 

– „Ви пишувам по постигнувањето на историскиот договор околу спорот за името со Грција. Оваа пречка за нашата евроатлантска интеграција е отстранета. Ја барам вашата поддршка за Македонија да добие покана за полноправно членство во НАТО на претстојниот Самит. Беше потребна храброст, лидерство и дипломатија за да се постигне оваа цел – од двете страни. Нашиот народ е обединет и недвосмислен во желбата да станеме дел од НАТО и ЕУ, со доследна поддршка од повеќе од 75 отсто од нашите граѓани“, пишува Шекеринска. 

Министерката им пишува дека со приемот на Македонија во НАТО ќе се консолидира демократијата во регионот, ќе се зајакне стабилноста и безбедноста во регионот и ќе биде поставен позитивен пример за Западниот Балкан. 

„Сега ни е потребна вашата поддршка повеќе од секогаш. Во согласност со одлуката на Самитот во Букурешт во 2008, сега откако е постигнато заеднички прифатливо решение на спорот за името, очекуваме покана за членство во НАТО“, пишува Шекеринска.

Освен писменото обраќање, Министерката за одбрана Шекеринска телефински разговарала со министерката за одбрана на Германија, Урсула Вон Дер Лејен, со италијанската министерка за одбрана, Елизабета Трента, и со романскиот колега, Михаи Виорел Фифор кои, со министрите за одбрана на Словенија, на Хрватска, на Бугарија и на Црна Гора и сите и' ја пренеле поддршката за покана за Македонија на јулскиот Самит во Брисел, за членство во НАТО, соопштуваат од Министерството за одбрана. 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.