Пресуда „Труст“: 9 години затвор и конфискација на 17 милиони евра
Топ Новости >

Пресуда „Труст“: 9 години затвор и конфискација на 17 милиони евра

  • Петок, Јул 20 2018

 

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, претседател на судечкиот совет за предметот „Труст“ денеска претпладне ја објави пресудата за обвинетите во овој случај.

Сеад Кочан е осуден на казна затвор од 6 години, Василије Авировиќ доби 3 години, а Сафет Ватиќ е ослободен од обвинение.
Сеад Кочан и Василие Авировиќ добија и забрана за вршење на дејност, професија, да бидат управители на правно лице, сопственици на правно лице, или членови на управни органи во траење од должината на изречената казна затвор. Исто така судот им изрече и забрана за учество на јавни повици, тендери во истото времетраење од должината на затворската казна.

Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ според обвинението формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во „РЕК Битола“.

Тие во завршните зборови пред судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.

СЈО побара фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра, односно 1 милијарда и 60 милиони денари колку што изнесува против правно стекнатата имотна корист на двете фирми. Доколку фирмите немаат имот, должноста за конфискација ќе падне на терет на имотот на правните следбеници, или на терет на новните основачи.

Обвинетелот од СЈО ја поздрави ваквата одлука за конфискација на судот: "За прв пат е имаме Бруто принцип на конфискација. Му честитам на судот за ваквата пресуда.“

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.