Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник
Топ Новости >

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

  • Среда, Авг 08 2018

 

Случајот со службеното возило „Ланд ровер дискавери“ кое се најде на грчките плажи, со разрешница во вторник пред Владата.
МВР донесе одлука за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, во чија сопственост е возилото, а дали ќе биде разрешен директорот на Бирото за јавна безбедност - Лазо Велковски ќе се одлучи во вторник на владина седница. Од Владата чекаат да го добијат предлогот од министерот Спасовски, по што истиот ќе биде ставен на дневен ред. Владата одби да го коментира скандалот со злоупотребата на службеното возило на МВР. Велат МВР веќе излегло со соопштение за случајот.

„Предлогот на министерот Оливер Спасовски, согласно процедурите, ќе биде ставен на дневен ред на седница на Владата на Република Македонија, до кога се очекува да биде доставен. Како за секоја друга одлука на Владата на Република Македонија, јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе биде донесена“ - информираат од Владата.

Од МВР, пак, не одговорија дали директорот ќе добие и кривична пријава за злоупотреба на службената должност и овластувања. И Велковски не сакаше да одговори на нашите прашања – дали чувствува одговорност и дали сам ќе си поднесе оставка или пак ќе чека да го разрешат.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.