Print this page

Граѓански референдумски средби во Дојран и Валандово

 

 

Карванот на владината кампања „Излези ЗА европска Македонија“ по синоќешната трибина во Штип, денеска продолжува со средби со граѓаните од општините Дојран и Валандово.

Денеска малку после пладне Владиниот тим што ја предводи кампањата „ЗА европска Македонија“ остварија средби и разговори со граѓаните преку отвореди трибини за дебата во општините Дојран и Валандово.
Премиерот Зоран Заев и лидер на кампањата која обединува 30 политички субјекти и уште повеќе десетици граѓански организации и поединци разговараше за предностите што ги носи европското членство на Македонија и аргументите зошто е важно да се поддржи референдумот и да се избере сигурна иднина за нашата земја.

- „Македонија помина низ многу крстопати и во клучните моменти, секогаш избираше иднина. Денес сме горди на Илинден, на АСНОМ и на Референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност. Избравме самостојност, мир и стабилност. Сега треба да го направиме следниот чекор. Ова е историска можност и секој од нас треба да излезе и да донесе одлука“, беше порачано од трибината во Дојран.


 

- "Веруваме во европската иднина на нашите деца и верувам дека ќе излеземе сите на референдумот да и' дадеме потврда на таа иднина. Ова ќе биде нов референдум за независност на Македонија како што беше референдумот од 8 септември од 1991 година. Јас сум убеден, знам дека и Валандово ќе биде ЗА интеграција со Европската Унија и НАТО поддржувајќи го договорот со Грција“ рече пред валандовчани Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Тој им постави прашање на присутните: „Ќе бидеме ли ЗА?“ и доби громогласен аплауз како потврда „ЗА“.

Заедно со Премиерот на трибините со граѓаните се обратија и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.

 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе