Топ Новости

Генералниот секретар на НАТО во посета на Македонија

Четврток, 06 Септември 2018

Столтенберг: Членство во НАТО без прифаќање на Договорот за името е целосна илузија

 

 

Или „да“ на Договорот за името и „да“ на референдумот или НАТО. Да се отфрли Договорот за името, а да се очекува членство во НАТО е целосна илузија, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на крајот од неговата посета на земјава. Одговарајќи на прашање за средбите со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои се изјаснуваат за членство во ЕУ и во НАТО, но не го прифаќаат Договорот со Грција, Столтенберг рече дека нема таква алтернатива.

Претходно во својот говор, тој рече дека за неколку седмици Македонија ја очекува референдум за договорот за името.

Ги охрабрувам гласачите да се појават во голем број, ова е прилика која се јавува еднаш во животот – да станете членка на меѓународната заедница со сите придобовки кои тоа ги носи со себе, порача Столтенберг.



„Застануваме рамо до рамо со светските сили. Со влезот во НАТО добиваме 29 нови партнери, обединети под заедничките вредности и начела: демократија, реформи и вледеење на правото. Неизвесноста е минато, гарантираме сигурна иднина за Македонија!“ - порача премиерот Заев.

Премиерот Заев од своја страна, нагласи дека поканата влијае за внатрешната кохезија и Македонија ја промовира како пример на Западен Балкан за силно лидерство.

НАТО и ЕУ се стратешка определба на Македонија од тоа нема отстапување, рече Заев.

– „Референдумот на 30 септември ќе биде уште еден важен предизвик. Сега сме на историски крстопат за нашата иднина и убеден сум дека граѓаните ќе ги препознаат перспективите за нашата земја“, изјави Заев.

 

 

Last modified on Четврток, 06 Септември 2018 - 16:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

Претседателот Пендаровски во посета на јужната граница и Транзитниот Центар за

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.