Топ Новости

СДСМ: Предвремени избори ако ДПМНЕ не ја почитува волјата на граѓаните

  • Четврток, Окт 04 2018

 

 

 

По сумирањето на референдумската воља искажана од страна на граѓаните и верификацијата на истата во Собранието на РМ, СДСМ вечерва на седница на Извршниот одбор ја разгледуваше можноста за обезбедување на двотретинско мнозинство за ратификација на договорот од Преспа. 

Од седницата е донесен следниот заклучок:

Извршниот одбор на СДСМ вечерва одржа седница на која се разговараше за повеќе актуелни теми, за референдумот одржан на 30 септември, како и за процесите што ја водат Македонија кон членство во ЕУ и НАТО.

Огромното мнозинство, над 90 отсто од граѓаните што излегоа на гласање избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет.

Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието на Република Македонија треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ.

Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучи Извршниот одбор на СДСМ.

Извршниот одбор оцени дека треба да се искористат сите демократски можности, да им се овозможи на пратениците да го следат гласот на граѓаните и да обезбедат членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Извршниот одбор ги овласти претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.

Никој не треба да се надева на амнестија. Станува збор за многу важно прашање, за иднината на земјата, за иднината на граѓаните и фокусот на сите парламентарни партии треба да биде на ова прашање. Се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина.

На седницата беше заклучено дека референдумот помина во мирна, фер и демократска атмосфера.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.