Топ Новости

Казна затвор од 6 години за Гордана Јанкуловска

  • Понеделник, Окт 08 2018

 

 

Кривичниот Совет предводен од судијката Добрила Кацарска денеска објави пресуда од 6 години затвор за поранешната министерка на МВР, Гордана Јанкуловска.

Заедно со казната затвор изречена во издвоената судска постапка за случајот „Тенк“ за кој се веќе изречени казни од 2 години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски и 4,5 години затвор за полицискиот службеник Ѓоко Поповски кој ја спровел јавната набавка по инструкции на тогашната министерка Јанкуловска, обвинетата Јанкуловска судот ја задолжи да ги исплати процесните трошоци за постапката во редност од 323.841 денари. Оваа сума треба да ја исплати во рок од 15 дена од изрекувањето на казната, под закана за присилна наплата, според член 105, став 1 од Законот за кривична постапка.

Судијката Кацарска нагласи дека неспорен факт е дека луксузниот блиндиран мерцедес набавен со средства од МВР, кога на позиција министер била обвинетата Јанкуловска, истата вршела притисок врз службено лице (осудениот Ѓоко Поповски) набавката да ја изврши според спецификација на техничките параметри за возилото што ги исполнувала фаворизираниот добавувач за фирмата „Мерцедес“ во земјава, „МАК Ауто“. Се барало возилото да има 4 седишта, 4 врати, 12 цилиндри мотор, да биде блиндиран, да има трансмисија со фиксност од 5 брзини. Конкурентските фирми BMW и Ауди иако имале трансмисија со 8 брзини со ваквите барања во јавната набавка биле исклучени од можноста да конкурираат на јавниот тендер за набавка на возило вреден 600.000 евра.
Од доказната постапка, сведочењата и преслушаните тонски записи Кацарска во пресудата утврди дека техничките спецификации во тендерот биле идентични со понудата на „МАК АУТО“. Со тоа Јанкуловска не го штитела јавниот интерес како јавен функционер, туку дала предност на лични желби, како барањата на тогашниот премиер, сега осуден Никола Груевски: „ама да има телевизорчиња назад, кога ќе се возам со децата. И се' друго...“

„Гордана Јанкуловска со умисла го поттикнала службеното лице Ѓоко Поповски да ја изврши нелегалната набавка од фаворизиран добавувач и со тоа да изврши кривично дело, за која веќе е осуден 4,5 години затвор. Според Кривичниот закон на РМ тој што ќе наведе друг да стори кривично дело ќе одговара како самиот да го извршил кривичното дело“, оцени во пресудата судијката Кацарска.

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи по изрекувањето на пресудата побара од судот дополнителна мерка „Забрана за напуштање на живеалиштето, пребивалиштето на обвинетата Гордана Јанкуловска“ за да се избегне ризикот од бегање, или криење, со оглед што против неа се води и обвинение за случајот „Тврдина – Таргет“.

Судијката Кацарска објави пауза за да се произнесе судскиот Совет по дополнителното барање за мерка „забрана за напуштање на живеалиштето“ што е еднакво на куќен притвор. По половина час, Судот ја изрече одлуката „забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето“ како безбедносна мерка за сега осудената Јанкулоска.

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.