Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

  • Петок, Окт 19 2018

 

 

Казната затвор од 2 години затвор за екс премиерот Никола Груевски а потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен суд во Скопје.

Потврдената осудителна пресуда станува правосилна и извршна, а се однесува за случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот мерцедес вреден 600.000 евра. Екс премиерот Груевски со влијание за набавка и протежирање на веќе одбран трговски оператор ја злоупотребил службената положба и на 5 октомври годинава Кривичниот суд во Скопје одреди дека е виновен, и му изрече казна затвор во траење од две години.

– „Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката“ – велат од судот.

Со оваа пресуда екс премиерот Никола Груевски треба да одлежи 2 години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски 4 години и 6 месеци откако Апелација му ја намали казната од 6 години и 6 месеци.

Според Законот за извршување санкции, судијата е должен најдоцна во рок од осум дена да постапи по одлуката.

„Повикувањето за извршување на казната затвор на осуденото лице се врши на начин што лично му се доставува упатен акт во кој е означен денот кога треба да се јави во определена установа“, пишува во законот.

Датумот кога ќе треба Груевски да се јави во затвор судијата треба да го определи на тој начин што ќе му остави најмалку 8, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт.

Ако екс премиерот не се јави во затвор, тогаш присилно ќе биде спроведен и ќе ги сноси трошоците.

Според праксата, Груевски би требало да биде упатен во затворот во Шуто Оризари каде се издржуваат затворски казни до 3 години.

Ѓоко Поповски веќе се наоѓа во притвор.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.