Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

  • Петок, Окт 19 2018

 

 

Заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Метју Палмер, во понеделник (22 октомври) доаѓа во Македонија.

Палмер, како што најавија од американската амбасадата, доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Тој ќе се состане со владини и партиски функционери, вклучително и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Палмер денеска присуствува на Белградскиот безбедоносен форум и од таму изјави дека: „Оние кои ја заведуваат македонската јавност говорејќи дека можат да обезбедат европска иднина за своите деца без компромисите кои преспанскиот договор ги бара, не и прават услуга на својата земја“.

Својот говор на темата „Зајакнување на замаецот на Балканот“, Палмер го почна со состојбата во Македонија и значењето на членството во НАТО.

– Како и ЕУ и НАТО е организација во која мора одредени стандарди да се исполнат. НАТО веќе ја повика Северна Македонија да се зачлени во НАТО и преговорите ќе започнат наредната година – рече Палмер.

Тој во продолжение на говорот потенцираше дека „битно е да се подвлече дека европската иднина бара од Македонија и од Грција Договорот од Преспа да се прифати и во потполност да се исполни. Нема алтернативно решение, нема Преспа плус, нема нешто што не чека зад некој агол, доколку македонското Собрание не го изгласа со двотретинско мнозинство овој договор”.

Наведувајќи дека во овој момент македонското Собрание расправа за потребните уставни измени, Палмер прати порака до македонските лидери „да мора да се издигнат изнад политичките поделби, бидејќи ваква историска можност нема повторно да се случи. Баравме од раководството на ВМРО ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да можат да гласаат според совеста, без грижи дека ќе имаат негативни последици после тоа.“

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.