Топ Новости

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

  • Петок, Окт 19 2018

 

 

 

Собранието вечерва на 10 минутното продолжение на 61-та седница простапи кон гласање на одлуката за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.

Во електронското гласање 80 пратеници се изјаснаа ЗА, а дел од пратениците на опозицијата станаа од своите столчиња и не учествуваа во гласањето.

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Данев побара поединечно изјаснување на пратениците по одлуката, во оваа за него наречена историска ноќ. Секретарот на Собранието пристапи кон поединечно читање на пратениците и усмено изјаснување на сите од присутните.

По завршената постапка на јавно усно изјаснување, Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери констатира дека е потврдено електронското гласање и дека 80 пратеници биле „ЗА“ одлуката, а 39 пратеници се изјасниле „против“.

Со тоа Претседателот Талат Џафери констатира дека е донесена со потребното законско двотретинско мнозинство одлуката кон пристапување за измени на Уставот на РМ.

Одлуката се објавува во Службен весник на РМ и стапува во сила веднаш.

Согласно законските процедури пратениците изгласаа и заклучок со кој што ја задолжија Владата во рок од 15 дена да му достави нацрт текст на амандмани за измени на Уставот на Република Македонија.

Седницата на Собранието на РМ започна во 22:30 и заврши во 22:40 минути.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.