Судот го замрзна имотот на „Ноел“ и „Европа 92“

Петок, 02 Ноември 2018

На барање на СЈО Судот го замрзна имотот на осомничените во истрагата за перење пари во случајот „Поштенска Банка“ 

 

 

Специјалното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денеска со соопштение ја информира јаввноста дека се превземени мерки за обезбедување на имот во случајот „Поштенска Банка“. Во соопштението стои навдено:

„По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот во врска со истрагата во јавноста позната под името „Поштенска банка“. Со мерката е обезбеден недвижен имот сопственост на правните лица „Европа 92“ ДООЕЛ Кочани и „НОЕЛ експорт-импорт“ ДООЕЛ Гевгелија и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата, Ратко Димитровски и Томе Главчев. Воедно, обезбеден е и имот од други правни лица кај кои имаме сомневање дека се прелеала противправна имотна корист – „ТУРИСТКО“ ДООЕЛ Кочани, „БЕНТТОН“ ДООЕЛ експорт-импорт Гевгелија, „НОЕЛ КОМПАНИ“ ДОО Гевгелија и „НОЕЛ ПЛУС“ ДООЕЛ с.Стојаково-Богданци.

Со мерките на Судот се забранува отуѓување и располагање, а дејствијата се превземени со оглед на тоа што постои oпасност истиот имот да биде отуѓен до правосилно завршување на постапката“, стои во соопштението од СЈО.

„Поштенска банка“ е најновата истрага на СЈО, отворена на 13 октомври. Станува збор за голема истрага за перење пари во период од 2001 до 2010 која министер за финансии бил Никола Груевски, поради која дента беа приведени и однесени пред судија за претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 три од деветте осомничени лица во истрагата. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од една деценија била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра, вели СЈО.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.