СДСМ го повикува ОЈО да ги истражи хидроцентралите на Мицковски

  • Вторник, Ное 06 2018

 

 

ОЈО да постапи по допрен глас, да истражи судир на интереси во шемите на Мицкоски и Груевски за хидроцентралите, побара денеска СДСМ во јавно соопштение во кое вели:

„Откако јавноста ја дозна целата вистина за спрегата на антизападниот пион Христијан Мицкоски со неговиот ментор Никола Груевски и шемите за хидроцентрали, Основното јавно обвинителство треба по допрен глас да постапи и да ги истражи сомневањата за судир на интереси.

Во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33 илјади метри квадратни земјиште за изградба на хидроцентрала.

Тоа е класичен судир на интерес.

Дополнително, Основното јавно обвинителство треба да ги истражи и основаните сомневања за друго незаконско постапување, дали има и организиран криминал?

Особено ако се има во предви дека во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, покрај Мицкоски сопственик е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитар Димовски е познат на јавноста како соработник - лева рака на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого се водат повеќе постапки пред надлежните правосудни органи.

Во времето кога оваа компанија го добила земјиштето, односно бизнисот, Димовски извршувал висока функција во Министерството за транспорт и врски а Мицкоски му бил советник на Груевски во Владата од којашто добиле земјиште.

Овие информации и документите за овој случај со Хидро Мицкоски се јавно достапни и секој може да го потврди.

Спрегата помеѓу ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски со Никола Груевски е очигледна и потврдена.

Очекуваме Основното јавно обвинителство и сите други надлежни институции да постапат и за наодите да ја информираат јавноста“, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.