МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Вторник, 13 Ноември 2018

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување на Меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски

 

 

Попладнево, по огласувањето на осуденикот Никола Груевски преку Фејсбук дека е во Унгарија, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување на Меѓународна потерница. МВР  се обрати до Судот да добие решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски.

По тој повод МВР објави соопштение во кое се вели:

„По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски.“

Се очекува во текот на денот, доцна попладнето по изјаснувањето на Судот за пребеганиот екс премиер да започне потера и преку меѓународната полиција.

 

Last modified on Вторник, 13 Ноември 2018 - 19:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.