Топ Новости

Скандал: ОЈО прислушкувано две години

  • Петок, Ное 30 2018

 

 

Најмалку две години се снимаат разговорите на фиксната телефонија во барокната зграда на Јавното обвинителство на Република Македонија, а за тоа Основното јавно обвинителство Скопје отворило предистражна постапка, брифира републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната средба со новинарите.

На двата хард диска во централата се пронајдени сите телефонски разговори од 30 септември 2016 до денес, кои биле водени во Обвинителство внатре и оние повици кои доаѓале и оделе кон надвор од фиксните телефони.

– Најстариот снимен разговор е од 30 септември 2016, а последниот е сега – рече Јовески.

Предистражната постапка треба да утврди дали некој од надвор ги користел односно злоупотребил податоците, дали телефонските разговори се изнесени надвор и со која цел, кој сѐ имал пристап до централата итн.

Обвинителството ќе истражува и дали се снимале разговори пред 30 септември 2016, односно уште од 2013 година откако е пуштена во употреба новата зграда во барокен стил на кејот на Вардар во центарот на Скопје. Тогаш е и инсталирана телефонската централа.

Во таа зграда се сместени Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото и Републичкото обвинителство.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.