ОЈО се жали на пресудата за смртта на родилката Кадиева во гевгелиската болница

Вторник, 18 Декември 2018

Основното јавно обвинителство во Велес, соопшти дека вложи жалба на Пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче

 

 

Основното јавно обвинителство во Велес, соопшти дека вложи жалба на Пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче.

Имено, со првостепената пресуда на Основен суд Велес двајца доктори гинеколози беа ослободени од обвинение дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст.1 од Кривичниот законик, додека докторот анестезиолог беше осуден за истото кривично дело на ефективна казна затвор во траење од 4 години и му беше изречена забрана на вршење професија, дејност или должност. (Пресудени 4 години затвор за анестезиологот за случајот Кадиева).

Сепак, надлежниот јавен обвинител смета дека во предметот станува збор за воопшто несовесно постапување на тројцата лекари од ЈЗУ Општа болница Гевгелија како последица на кое при породување настапил смртен исход кај родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче.

Жалбата е поднесена поради погрешно утврдена фактичка состојба. Во неа, Основното јавно обвинителство Велес наведува дека на страната на лекарите гинеколози има пропусти кои во целина со пропустите на анестезиологот довеле до смртниот исход, соопштува Обвинитетелството.

 

Last modified on Вторник, 18 Декември 2018 - 13:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.