СДСМ против дополнителни привилегии за пратениците

Сабота, 22 Декември 2018

За СДСМ дополнителни привилегии за пратеници не се прифатливи, граѓаните се тие кои ќе добиваат нови бенефиции, јавуваат денеска од центарот за комуникации со јавноста од партијата

 

 

За СДСМ дополнителни привилегии за пратеници не се прифатливи, граѓаните се тие кои ќе добиваат нови бенефиции, јавуваат денеска од центарот за комуникации со јавноста од партијата. Во соопштението за јавноста се вели:

„По одредени неофицијални најави пренесени во медиумите, информираме дека за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија дополнителни привилегии за пратеници не се прифатливи.

Повластен статус за вработување не смее да има само затоа што некој бил избран или именуван функционер.

Бенефициите треба да им следуваат на граѓаните, а не да се зголемуваат кај оние кои треба да им служат на граѓаните.

Токму поради тоа, СДСМ застана и позади предлогот за намалување на патните трошоци за пратениците.

Пратениците имаат доволно права и бенефиции кои се одредени со закон и со Деловникот за работа на Собранието.

Македонија се гради како едно општество за сите и никој не треба да биде привилегиран ниту дискримиран без разлика на работата што ја извршува.

Доведувањето во привилегирана позиција на пратениците по престанок на нивниот мандат е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост кон кои се стреми македонското општество.

Очекуваме секој пратеник, секој избран или именуван функционер да покаже одговорност, особено во контекст на актуелните стратешки текови и да даде позитивен пример во интегративниот процес“ се вели во соопштението доставено донеска од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

 

Last modified on Сабота, 22 Декември 2018 - 15:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.