Ќе се реновира Полициската станица во Гевгелија

  • Четврток, Дек 27 2018

 

 

Во програмскиот план на Министерството за внатрешни работи на РМ за следната 2019 година е и реновирањето на осум полициски станици во државата, како дел од ангажманот за подобрување на условите за работа на полициските службеници и во 2019.

За таа цел предвидено е реновирање и доопремување на Полициските станици во Гевгелија, но и во Кочани, Дебар, Виница, Валандово, Крива Паланка, Карпош и Делчево.

Ангажираноста на вработените, но и бројните граѓани кои ги користат услугите на ова Министерство заслужуваат подобри услови за вработените, заради овозможување подобра услуга за граѓаните.

Инестициониот влог на министерството за реновирање на 8-те полициски станици во државата во текот на 2019 година е 70 милиони денари. Во изминатите годинаипол, (2018 и втората половината од 2017) од страна на МВР вложени се 25 милиони денари за реконструкција на 18 објекти - полициски станици во поодделни општини низ државата.

 

Во овој контекст миситерот Оливер Спасовски на годишната средба со полицискиот Синдикат одржан во Охрид, истакна:

- „Подобрувањето на статусот и условите на работа, сфатени и како загарантирани права на полициските службеници се наш заеднички интерес, оти логиката е едноставна - само задоволен полициски службеник е ефикасен и професионален полициски службеник.

Оттаму, реализираните активности за набавка на униформи за полициските службеници, проектот за санација и реконструкција на објектите во кои што тие работат и ги извршуваат своите работни задачи, кој што патем речено ќе продолжи и во наредната 2019-та година, зголемувањето на платите на униформираните полициски службници, ние ги разбираме само како дел од базичните предуслови кои што треба да не донесат до посакуваната цел - професионална, функционална и ефикасна полиција како сервис на граѓаните.

Се стремиме кон цели што треба повторно да и ја вратат улогата и местото на полицијата во едно модерно, демократско и слободно општество, да го вратат нејзиното реноме и достоинство“, истакна министерот Оливер Спасовски.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.