Првиот ден од Божиќ-7 јануари е неработен ден

Недела, 06 Јануари 2019

Според Програмата за неработни денови во 2019 - првиот ден од Божиќ е неработен за граѓаните од православна вероисповед

 

 

Според Програмата за неработни денови во 2019 - првиот ден од Божиќ е неработен за граѓаните од православна вероисповед.

Ова го објави Министерството за труд и социјална политика, кој соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 7 јануари 2019 година (понеделник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Исто така, Министерството објави дека 6 јануари 2019 годинa- Бадник, ден пред Божик, согласно со Законот за празниците, беше неработен ден, но сведоци сме колку маркети и угостителски објекти работеа за снабдување и услужување на потрошувачите.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им испорача честитки за Божиќ на граѓаните од православната вероисповед.

Првиот месец од годината, јануари, покрај Новогодишниот празничен ден, Бадник и Божиќ има уште два неработни празнични дена. Тоа се:
- 19 јануари (сабота) во чест на Богојавление, или познат како Водици, што го празнуваат граѓаните од православна вроисповед и
- 27 јануари (недела) - Свети Сава, за граѓаните од српската заедница во РМ.

 

Last modified on Недела, 06 Јануари 2019 - 13:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од Стојаково до Пекинг со ново македонско-грчко пријателство

Дека патувањата зближуваат докажува и последната информација која ја добиваме

Повеќе

Јовески: Знаеме како се давани парите во случајот „Рекет“

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека знаат како и од каде

Повеќе

Од ноќеска поевтинуваат горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на

Повеќе

Поставување на нови успорувачи низ улиците во Гевгелија

Работна екипа на фирмата „Ве груп“ од Радовиш денешниот неделен ден е на терен

Повеќе

Зголемен прометот на ГП Богородица, полицијата дели вода на патниците

Годишноодморските смени кои се изведуваат секој десетти ден во месецот и викенд

Повеќе

Од викендов издавање дозволи за риболов на Дојранско езеро

Новиот концесионер на Дојранското Езеро "Костреж 2018" од с.Николич упати

Повеќе

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.