Топ Новости

Тројца екс министри во притвор, четвртиот се повика на имунитет

  • Петок, Фев 01 2019

Поранешни министри и еден заменик министер во Министерството за земјоделство се осомничени дека го оштетиле државниот буџет за 1,4 милиони евра

 

 

Поранешни министри и еден заменик министер во Министерството за земјоделство се осомничени дека го оштетиле државниот буџет за 1,4 милиони евра. Одредена им е мерка триесет дневен притвор на Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и ексзаменик-министерот Кристијан Делев. Четврто обвинет е и поранешниот министер Љупчо Димовски, кој е актуелниот пратеник, и во однос на мерката притвор се повика на пратеничкиот имунитет.
Наместо одолговлекување на истрагата и одговорноста за неодговорно однесување со државниот имот, Собранието за утре закажа итна седница на која ќе одлучува за имунитетот на Љупчо Димовски.

Притвор добија поранешниот министер Михаил Цветков и поранешниот заменик министер Кристијан Делев, а поради влошена здравствена состојба куќен притвор му е одреден на Ацо Спасеноски кој доставил медицинска документација до обвинителството.

Осомничените министри за земјоделство го оштетиле буџетот од над 1,4 милиони евра.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување при јавни набавки.

- „Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)“, соопштија од Обвинитеслтвото за гонење организиран криминал и корупција.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.