Потпишан Протоколот за приемот на Македонија во НАТО

  • Среда, Фев 06 2019

 

 

Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО.

На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот за надвбрешни работи Никола Димитров, кој утринава директно допатува во Брисел од Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот изјави дека „ова е историски момент за земјата. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас покажаа голема храброст со постигнувањето на Договорот од Преспа, со што придонесоа и за стабилноста и безбедноста на регионот“.

– „Тоа беше тежок пат, исполнет со компромиси. Долго време Ве чекавме да ни се приклучите во семејството. Учествувате во мисиите на НАТО и ги исполнивте реформите потребни за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето следува процесот на ратификација и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван во сите држави членки“ – изјави Столтенберг.

Тој потенцираше дека од денеска македонски претставник ќе биде на масата на НАТО.

– „Очекуваме да ги продолжите реформите потребни и за членството во ЕУ, со која делиме заеднички вредности“ – нагласи генералниот секретар на Алијансата.

Шефот на македонската дипломатија кажа дека „ова беше долг пат што пред многу години го почнавме со уште девет земји, Македонија наскоро, со стапувањето во сила на уставните измени, ќе стане Северна Македонија. Со ова ја исполнуваме стратешката цел-членство во НАТО. Ова е резултат на работа на многу генерации и должност на нашата генерација – рече Димитров.

Според него, ова не било лесно да се постигне, но, сепак, оваа генерација успеа со договорот меѓу премиерите Заев и Ципрас, како и со поддршката од бугарскиот премиер Бојко Борисопв и потпишаниот Договор за добрососедство.

– „За нас членството во НАТО е преминување на страната на сигурноста, тоа е прашање на сигурност, стабилност, вредности и граѓански слободи“ – додаде Димитров.

На крајот Димиторв објасни дека „патот што го изминавме не направи позрели. Ги решивме сите проблеми со соседите и тоа во регион што се уште се соочува со одредени несигурности. Патот не е завршен, но сакаме да го одиме заедно. Македонија ќе ги исполни реформите што ги вети. Од денеска мојата земја станува навистина силна, при што им се заблагодари на сите амбасдори на земјите членки кои денеска ставија потпис на Протоколот“.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.