Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Четврток, 14 Февруари 2019

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар, Асоцијација на потрошувачи - сите од Гостивар и гостиварско

 

 

Тага и непребол за изгубените животи во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера вечер во 17 часот, на автопатот Скопје-Тетово.

Четиринаесетмина загинати патници од трагичниот автобус кој тргнал во 16:15 часот вчера од Скопје, некои се знаеле меѓу себе, некои не. Големата трагедија им го прекина животот во еден ден. Зад сите нив останува личната животна приказна која заврши во превртениот автобус.

Тројца најмлади загинати се студенти:
1. Онур Садику наредниот месец требало да наполни 20 години, а се враќал од испит на Медицинскиот факултет. Денеска неговите колеги кажаа дека го положил.
2. Бејза Узеири, (21 –год) студирала архитектура и се враќала во родната Долна Белица.
3. Бобан Аврамовски загина на 22 години и незавршени студии по дизајн на ФОН.
4. Ваљдета Хамити (30-годишна), била асистентка на информатика на универзитетот „Мајка Тереза“. Дома остави 7-месечно бебе и постарото 4-годишно дете. Вчера по пауза поради болеста на детето повторно се вратила на работното место.

Имало и вработени во Скопје:
5. Дејан Ристоски, (39-годишен), ИТ инжинер во Народната банка на Македонија, татко на две ќерки.
6. Јовица Трпевски (25 години) кому кошарката и членството во КК „Гостивар“ му биле второто занимање Јовица, син на пратеникот Благојче Трпески, кој во ЕВН работел во информатичкиот сектор,
7. Зоран Давидовски (37 и пол години) кој беше раководител на секторот за сообраќај на град Скопје,
8. Павле Костовски (24 годишен) вработен во Скопје, во Организацијата на потрошувачи.
9. Раметула Абдурахими, (33 годишен) од Дебреште кој исто така работел во Скопје, а според сликите на социјалните мрежи бил вљубеник во велосипедизмот.

Во несреќата загинаа двајца пензионери:
10. Трпана Јанеска (63-годишна) се враќала дома откако го посетила внучето и семејството на ќерката во Скопје.
11. Есат Емрулаи ( 66 години), најстара жртва и последен кој подлегна на повредите, иако се јавил на роднините синоќа дека е добро – починал во текот на ноќта. Бил ангажиран во Халк банка.

12. Арсе Арсовски (56 години) жител од гостиварска Железна Река,
13. Бесим Фетаи, (39-години) од село Сенокос,
14. Ајдин Исмаили (26 години) од Гостивар,

Нивните останки веќе се предадени на семејствата откако Институтот за судска медицина ги заврши обдукциите. Сите имале тешки повреди.

Дел од загинатите во големата трагедија веќе се погребани на првиот ден од националната жалост.

 

Last modified on Четврток, 14 Февруари 2019 - 21:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.