Најчевска: За „Шарените“ и казните

  • Среда, Фев 27 2019

 

 

Професорката Мирјана Најчевска реагираше на казната од 200 евра која и' ја изрече МВР за шарањето на државен објект во екот на „Шарената револуција“ што ја покренаа граѓанските активисти, здруженија, студентите од „Студенски пленум“, а прерасна во општо граѓанска борба против режимот на Владата која ја раководеше ДПМНЕ. На својот фејсбук профил таа денеска напиша:

Излегов на улица затоа што не можев да најдам веќе друг начи на кој ќе се спротиставам на самовластието на една политичка гарнитура.
Ги подучував граѓаните дека заслужуваат подобро.
Застанав пред борните коли и до заби наоружаните полицајци за да покажам дека институциите веќе не работат во интерес на граѓаните туку за некоја партиска врхушка.
Се борев за промена на власта која заборави дека државата се граѓаните, а не тие самите.
Без употреба на сила, без рушење и убивање и повредување. Со симболично фрлање боја врз државните институции кои веќе не работеа за граѓаните туку за партиите на власт.
Шарената револуција влезе во учебниците во светот со својата посебност и поинаквост.
Симболиката беше јасна: ја шараме државата заради тоа што државата не ја препознава различноста, не турка во еднозначност и игра на картата на нашиот страв. Ја шараме затоа што сме сите различни и поинакви и со различно потекло и размислувања и јазици и вери и ... Ја шараме затоа што не сакаме да рушиме туку да се ослободиме од затворот во кој не беше ставила една политичка гарнитура.

И ете, доаѓа казна. За шарањето.
Не е проблемот да платам 50, 100, 200 евра.
Проблемот е многу суштински и страшен.
Проблемот е што актуелната власт со овој чин испраќа порака дека воопшто не ја разбрала симболиката. Не разбрала за што станува збор. Дека само фингирале дека се дел од прекрасниот народ кој излезе на улица со единствена цел да бидат калиф наместо калифот.
Актуелната власт испраќа порака дека оние кои биле жртви на еден режим и понатаму ќе продолжат да бидат жртви, а оние кои бенефицирале од истиот тој режим и понатаму ќе бенефицираат.
Во име на наводно нереваншистичко постапување се легализираа и легитимизираа сите противправни дејствија на минатата власт, сите противправни вработувања, сите противправни узурпации, сите противправни напредувања и дипломи и имотна корист и функции и спечалени пари и ... Меѓутоа треба да бидат казнети тие кои се побунија, тие кои кренаа глава, тие кои не прифатија криминал како орадие на политиката. Е тие треба да бидат казнети и столчени и замолчени да не им текне веќе никогаш да писнат против било која власт.

 Можеби грешката е во нас.
 Можеби симболиката беше преапстрактна за малите умови кои само сакаа да влезат во чевлите на претходникот.
 Можеби идниот пат кога ќе излеземе на улица наместо да фрламе боја на институциите ќе биде подобро да        истуриме кофи со лајна врз нив самите. Врз политичарите. Можеби тоа ќе го разберат. Можеби тоа е повеќе на   нивото кое им е блиско и препознатливо.
 Во Решението кое го добив стои дека комисијата мисли дека со оваа казна ќе се постигне целта.

 Која цел?
 Да не се бунам против неправдата?
 Да молчам пред самовластието?
 Да замижувам пред прекршувањето на човековите права?
 Па татко ми издржал три години на Голи Оток и не потклекнал.
 Што мислите дека јас ќе се откажам од моите вредности и убедувања?
 Јас повторно ќе излегувам на улица.
 Тоа е сигурно.
 Само размислувам дали фрлањето на кофи со ла*на врз вас е доволно.

Автор: Мирјана Најчевска, универзитетски професор и активист за граѓански права

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.