Германија донираше возила и опрема за граничната полиција

Понеделник, 04 Март 2019

Донацијата вредна 352.000 евра е трета германска донација по ред наменета за потребите на полициските единици при МВР

 

 

Сојузна Република Германија денеска донираше вредна донација во возила и опрема наменети за потребите на граничната полиција при Бирото за јавна безбедност на МВР.
На врачувањето на донацијата на којашто присуствуваше и германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих, како и директорот при Федералната полиција на Германија, генералот Грегор Пелцл, министерот Спасовски рече дека оваа помош е повеќе од добредојдена.

Донацијата се состои од 20 возила „дачија дастер“, вредни околу 323.000 евра, како и 351 пар чизми. Практично, во рамки на богатата, повеќегодишна билатерална соработка меѓу двете министерства во делот на донациите ова е трета германска донација за потребите на полициските единици при МВР, чијашто вкупна вредност ја надминува цифрата од 660.000 евра. Во низата досега потпишани билатерални акти, договори и меморандуми за соработка, во моментов во тек е меѓусебното експертско ускладување на билатералниот договор меѓу владите на двете земји за соработка во борбата против криминалот што се очекува во скоро време да биде потпишан.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.