Меѓународна потерница за Бошкоски и Груевски за 27 април

Вторник, 05 Март 2019

МВР издаде централни и меѓународни потерници за експремиерот Никола Груевски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски, осомничени за настаните во Собранието од 27 април 2017 година

 

 

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера достави до Министерството за внатрешни работи наредби за издавање централни и меѓународни потерници за експремиерот Никола Груевски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски, осомничени за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. И двајцата се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

- „По спроведената предистрага, на 20 февруари годинава надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за петмина, меѓу кои и за овие две лица, кои им се недостапни на органите на прогонот. Тогаш јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, достави предлог за определување мерка притвор за сите осомничени, при што на овие две лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена од нивното пронаоѓање“, соопштија од Обвинителството.

Фото: Принтскрин од ВЕБ страната на МВР - Потерници

Груевски од ноември лани е во бегство во Будимпешта, каде што доби политички азил, а Бошкоски повеќе од една година е во бегство во Грција. И двајцата се обвинети во повеќе предмети на СЈО, а Груевски е осуден во предметот „Тенк“ за набавка на луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра.

На 20 февруари поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и ексминистерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, беа на распит како осомничени под сомнение дека се дел од организаторите на упадот во Собранието. На Јанакиески и Ристовски им беше определен притвор.

 

Last modified on Вторник, 05 Март 2019 - 15:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.