Кривична пријава за Коце Трајановски

Среда, 06 Март 2019

Екс градоначалникот на Скопје го поставил Александар Атанасов од Гевгелија за директор на ЈП „Водовод“ без диплома 

 

 

Против поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и уште три лица од градската администрација е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овласувања при изборот на директор на „ЈП Водовод и Канализација“- Скопје по оглас од 2014 година.

Ексградоначалникот на Скопје Коце Трајановски доби кривична пријава од Министерството за внатрешни работи бидејќи во 2014 години го поставил Александар Атанасов за директор на ЈП „Водовод и канализација“ а немал диплома за завршен факултет.
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава и против тројца други лица вработени во Град Скопје односно Н.И.(65), В.Ѓ.(53) и Б.Т.(67), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Фото: Атанасов на позицијата директор во скопски „Водовод“ дојде од Гевгелија, каде беше претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од 2010-2014

Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека претседателот и членовите на комисијата не извршиле проверка на комплетноста и валидноста на доставената документација од кандидатите за распишаниот конкурс.

Според соопштението, од 11 пријавени кандидати за директор било избрано лице кое имал некомплетни документи, односно дипломата за завршен факултет во државата Њујорк во САД не му била нострифицирана.

Таквата одлука, како што се наведува, била доставена до Трајановски кој не извршил проверка и донел одлука за избор на тој кандидат за директор на ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.

 

Last modified on Среда, 06 Март 2019 - 15:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.