Пендаровски за неколку часа собрал 20.000 потписи

Четврток, 07 Март 2019

Огромна граѓанска поддршка за кандидатот за претседател Стево Пендаровски од граѓаните во државата

 

 

Во канцелариите на ДИК во Гевгелија денеска граѓаните со право на глас се потпишуваа за поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседателските избори 2019. Од 10 до 17 часот собрани беа 460 потписи за поддршка, а до крајот на работниот ден на ДИК кој завршува во 19 часот, бројката на поддршка е над 500 граѓани.

Потписи за поддршка денес се собираа во сите канцеларии на ДИК ширум државата. Граѓаните силно одговорија на јавниот повик за потпис и поддршка на претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски. За само неколку часа во канцелариите на ДИК низ земјава се собрани над 20.000 потписи за Пендаровски, рече денеска генералниот секретар на СДСМ, Алаксандар Кирацовски.

Кирацовски, кој е и шеф на Изборниот штаб на Пендаровски, денеска во Битола и лично, со свој потпис, ја поддржа кандидатурата на претседателскиот кандидат. Тој истакна дека со ова Пендаровски носи трократна поддршка за неговата кандидатура за претседателски кандидт и иден претседател: поддржан е од 31 политичка партија во коалицијата што ја предводи СДСМ, има поддршка од 30 пратеника во Собранието на РСМ, а денеска со 20.000 граѓански потписи тој може да поднесе и граѓанска кандидатура како независен кандидат, иако ја има поддршката од коалицијата н СДСМ, и 30-те коалициони партии.

Со веќе обезбедените 200% потписи над законскиот цензус кој изнесува 10.000 потписи за граѓанска кандидатура, подносителот на листата најави дека вечерва ќе бидат повлечени листите за собирање потписи за поддршка на Пендаровски од канцелариите на ДИК, иако законскиот рок траеше до 09.03.2019 до 24:00 часот. 

 

Last modified on Четврток, 07 Март 2019 - 20:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.