Социјалната пензија влезе во Собраниска процедура

Среда, 13 Март 2019

По 6.000 денари социјална пензија за лица постари од 65 години и уште 1.000 денари надомест за греење во текот на трите зимски месеци

 

 

По 6.000 денари социјална пензија за лица постари од 65 години и уште 1.000 денари надомест за греење во текот на трите зимски месеци.

Оваа нова категорија на пензија ќе биде регулирана преку Центрите за социјална работа преку Министерството за труд и социјална политика.

Законот со кој ќе се овозможи лицата постари од 65 години кои немаат доволно или воопшто работен стаж, а се без приходи, да добиваат државна пензија од 6.000 денари месечно влезе во Собраниска процедура.

Со Законот за социјална сигурност на постари лица кој пратениците ќе го гласаат во скратена постапка ќе бидат опфатени само граѓнаните чиј брачен или вонбрачен партнер, исто како нив, не зема редовна пензија и нема друг приход.

Пензијата која на почеток ќе изнесува 6.000 денари еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот, а лицата кои ќе остварат право на неа во зимските месеци додека трае зимската сезона ќе добиваат и надомест од по 1.000 денари.

Социјалната пензија нема да ја исплаќа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку центрите за социјални работи.

 

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.