Студентите протестираа, пратениците изгласаа

  • Четврток, Јан 15 2015

{flike} 

Студентскиот пленум на улица, а во Собранието во исто време со 67 гласа „за“ и девет „против“ пратениците го изгласаа државниот испит на факултетите.

Измените во законот за високо образование, со кое се воведува државен испит добија и поддршка со Бадинтерово мнозинство. Во гласањето од припадниците на заедниците, имаше 20 гласа „за“, а „против“ пет.

За ваквиот чин на неслух кон студентските барања и професорскиот пленум, новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук профил напиша:
- Државниот испит е изгласан од вмровијата и нивниот коалиционен партнер ДУИ.
Вечерва во 19 часот-нов протест: „погребување на образованието“.

Студентскиот пленум денеска од 11 часот протестираше против упропастувањето на автономијата на Универзитетот, заедно со почетокот на собраниската седница. Мирниот протес со многу пароли и транспаренти заврши во 19 часот со палење свеќи за погребаното образование во Македонија.
Меѓу тие што протестираа се слушање и песната „Ропска Македонија“.

Непомирливи со таквата наметливост на власта над универзитетската автономија, Професорскиот пленум и покрај исходот од седницата и гласањето, ги повика студентите, професорите и сите граѓани кои го поддржуваат протестот, во 19 часот вечерва повторно да се соберат „за да го погребаат местото на злосторството“ палејќи свеќи, мислејќи на парламентот, каде, според нив, е погребана автономијата на универзитетот. Меѓу демонстрантите, иако во поодминати години, беше и пензионираниот професор од Правниот факултет во Скопје, Ѓорѓе Марјановиќ.

Претставниците на Студентскиот пленум го прашаа министерот за образование дали на предложените испити на универзитетите ќе треба да носат и партиски книшки или тоа ќе биде потребно само кога ќе се вработуваат.

Законските измени, нагласија од Студентскиот пленум, се ништо друго освен убивање на автономијата и на демократијата. Тие истакнаа дека ќе ги употребат сите демократски методи за да се изборат и да го поразат предлогот на Владата.

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.