Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на претседателот на РСМ Стево Пендаровски, шефот на државата повикувајќи се на Уставот, му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на коалицијата „Можеме“ за состав на нова Влада, бидејќи, како што рече, освоиле најмногу пратенички мандати.
Претседателот Пендаровски пред да го довери мандатот се обрати кусо.
- „Врз основа на член 84, согласно член 90 од Уставот и предлогот на коалицијата „Можеме“, за мандатар за состав на влада го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието“, рече Пендаровски.
Потоа пред медиумите се обрати мандатарот Зоран Заев кој истакна:
- „Ќе составиме модерна и просперитетна Влада и дека ќе се посветиме на основните општествени вредности. Нашата држава ќе добие стабилна Влада со европски пат. Почитувањето на трите клучни договори, Преспанскиот, со соседна Бугарија и Охридскиот рамковен договор, се трите столба за европската иднина на РС Македонија“, изјави Заев по примањето на мандатот.
Тој тврди дека за помалку од 20 дена, колку што е законскиот рок, ќе успее да обезбеди парламентарно мнозинство, а, како што додаде, прва задача сепак ќе биде борбата со пандемијата од Ковид-19, стабилна влада, стабилна економија и испорачување на обврските во преговорите за членство со Европската Унија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може