КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома
На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести предложи училишното ѕвонче да заѕвони за децата од прво до трето одделение а тие физички, на растојание, да присуствуваат на часовите во училишните згради.
Останатите ученици од дома, онлајн да добиваат задачи и да слушаат предавања.
Комисијата за заштита од заразни болести смета дека овој модел е најсоодветен да се применува од први септември.
Нормална настава во училиште може да се дозволи и во зависност од местата за коишто станува збор.
„Препорака на Комисијата за заштита од заразни болести е онлајн настава со два исклучоци. Еден е за деца од прво до трето одделение, а другиот за општини со малку деца и малку одделенија во училиштата“ - изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Ова засега е само препорака на Комисијата за заштита од заразни болести. Истата треба да се дискутира на седница на Владата за да биде конечна.
Со свој став за истата излегоа и од Министерството за образование и наука.
„Овој предлог е како компромис на тоа што ние сме настојувале и првичниот предлог на комисијата и на Министерството за здравство за генерално одвивање на онлајн настава во сите училишта. За кој било модел да се определиме ќе биде неопходно да се направат законски измени. За да се направат тие треба функционално Собрание. Но, за да имаме почеток на учебната година зависи од епидемиолошката состојба“ - изјави за „Телма“ Арбен Адеми, министер за образование и наука.
Во меѓувреме, бројките за Ковид-19 периодов имаат тренд на опаѓање во земјава велат стручните лица, а тоа е така затоа што луѓето меѓудругото и често се надвор, вели директорот на ЦЈЗ Скопје, Стојанов.
Според него многу е важно тоа да продолжи за лесно да се менаџира состојбата и со учебната година од септември и уште еднаш испрати апел за строго почитување на мерките.
И додека се чека конечната одлука на надлежните во однос на учебната година, се очекува отворањето на градинките откако претходно Комисијата за заштита од заразни болести одобри тие да започнат со работа.
Министерството за труд и социјална политика треба да ја донесе одлуката за отворање, а здравствените власти со нив ќе имаат состаноци на почетокот на следната недела.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Комисијата за заразни болести со предлoг полициски час од 22 до 5 часот наутро
По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три