Постигнат договор за Влада со полн мандат - Заев и Ахмети на заедничка прес конференција
Постигнат е коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ, Зоран Заев ќе биде премиер на новата Влада наредните четири години. Сто дена пред истекот на мандатот, на предлог на ДУИ, ќе се избере премиер што ќе ги организира изборите, соопштија лидерите на двете партии, Зоран Заев и Али Ахмети на заедничката прес-конференција по денешната лидерска средба.
Договорот се темели на принципи кои Заев ги презентираше, истакнувајќи дека е горд што договорот е постигнат на самиот почеток на истекот на 20 уставни гарантирани денови. Тој најави дека кадровската понуда ќе се води од принципите за еднакво општество за сите.
- „Владата ќе ја предводам јас како нејзин премиер во полн четиригодишен мандат“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Како што соопшти тој, со законски измени ќе се укине Пржинската влада, а во меѓувреме ќе се подготвува нов изборен модел за идните локални избори. Во владата нема да се предлагаат министри без ресор со исклучок на вицепремиерските места.
Заев потенцираше дека во првите шест месеци од мандатот на Владата, на работа ќе тргнат сите лица од Рамковниот договор, а двете партии се согласни да има намалување на администрацијата за 20 проценти.
Како што истакна Заев, СДСМ и ДУИ се децидни да се намалат привилегиите на функционерите, воедно и да се преиспита нивниот имот. Најави ветинг врз функционерите и прочистување во судството, не само потекло на имот, туку и решени спорови, ревизија на најмалку 5% од сработеното, колку предмети завшиле во фиока. Од другите приниципи, на кои се темели договорот помеѓу партии, се истакна и потребата од посилни инспекциски надзори, односно да има поголеми казни за загадувачите.
„Борбата со корона вирусот и грижата за јавното здравје и понатаму ќе биде приоритет“, додаде Заев.
Заев на пресот прашан од новинарите кога ќе биде рокот за изгласување на Вадата изјави дека „Овој договор којшто го постигнавме ние како претседатели на двете партии, ќе биде презентиран и доставен на одобрување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ, односно Централниот одбор на СДСМ и Централниот совет на ДУИ, во текот на денешниот и утрешниот ден. СДСМ тоа ќе го направи и пред своите коалициони партнери од Коалицијата „Можеме“ и пред ДПА како иден владин партнер“, истакна мандаторот и иден премиер според денеска постигнатиот договор Зоран Заев.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР