Новата учебна година во он лајн формат, само првите три генерации на училиште

Вторник, 18 Август 2020

Онлајн настава за сите од четврто одделение па нагоре, на училиште од I до III одделение по избор на родителите. Ова е сижето од денешната прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование и наука Арбен Адеми.

Владата усвои одлука за реализација на едукативно-образовниот процес. Учениците од прво до трето одделение наставата ќе ја следат со физичко присуство, а останатите ученици од основно и средно образование наставата ќе ја следат онлајн, но со два исклучока. Од друга страна, родителите ќе имаат можност да изберат нивните деца што се на таа возраст наставата да ја следат и онлајн (ако се лица со хронични болести кои се од висок ризик при заболување од корона вирусот).

Министерот за образование, Арбер Адеми рече дека се планира наставниците онлајн наставата да ја одржат од своите работни места.

„Наставниците ќе треба да бидат во училница и според распоредот утврден пред почетокот на новата учебна година, тие ќе треба да ги одржат своите предавања, да ги обработуваат темите од наставните планови и истите ќе бидат пренесени преку електронски средства за комуникација до учениците. Во реално време, да се емитуваат видео предавања на ученици кои следаат часови од дома“, истакна Адеми.

Министерот за здравство, Венко Филипче, објасни како ќе изгледа еден училиштен час со анти-ковид мерки, според препораките од Комисијата за заразни болести при МЗ.

Last modified on Вторник, 18 Август 2020 - 21:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.