ЦО на СДСМ го прифати договорот за состав на Влада со партијата ДУИ, објави вечерва на прес конференција мандатарот за состав на влада лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ Зоран Заев.
Обезбеден е договор за коалицирање со ДУИ и со тоа парламентарно мнозинство, рече Заев на прес конференцијата. Тој рече дека главен погон ќе биде ставен на економскиот стандард, зголемување на платите и пензиите, како и странските инвестиции. Предност ќе имаат инвестициите во здравството заради борба со корона епидемијата, како во опрема, така и во капитал.
Тој посочи дека од досегашните 26 министерски позиции, владата ќе има само 19 министерства, што значи кратење на 7 министерства од претходната влада. СДСМ од овој пакет на 19 министерства ќе превземе да раководи 11 министерства. Од нив 8 се ресорни министерства и овде односот на половите е 50%-50% со рамноправна застапеност помеѓу министри мажи и министерки жени.
Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе и одлука за тоа кои членови на СДСМ ќе ги предводат министерствата, тоа се:
- Љупчо Николовски - Потпретседател на Влада за борба против корупција;
- Никола Димитров - Потпретседател на Влада за европски прашања;
- Фатмир Битиќи – Потпретседател на Влада за економсни прашања
- Оливер Спасовски - Министерство за внатрешни работи,
- Радмила Шекеринска - Министерство за одбрана,
- Венко Филипче – Министерство за здравство
- Бојан Маричиќ - Министерство за правда,
- Мила Царовска - Министерство за образование,
- Благој Бочварски (актуелен градоначалник на Штип) - се сели на чело на Министерството за транспорт и врски,
- Ирена Стефоска – Министерство за култура
- Пратеничката Јагода Шахпаска - Министерство за труд и социјала.
Две од министерствата ќе им припаднат на коалиционите партнери: Министерство за земјоделство ќе го раководи кадар на БЕСА, а Министерството за локална самоуправа останува и понатаму да го раководи кадар од ЛДП.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може