Градинките се отвараат за прием на деца од 9 септември - одлучи Владата

Вторник, 01 Септември 2020

Речиси шестмесечниот застој во работата на градинките во државата предизвикано од корона епидемијата Владата ќе го прекине на 9 септември, за што донесе одлука на првата владина седница која се одржа денеска. Меѓудругото, одлучено е детските градинки да почнат со работа, што подразбира редовен прием и згрижување на деца од 9 септември, а дотогаш градинките се должни да се подготват за работа, информираат од Владата.

Од Владата им препорачуваат на локалните самоуправи кои се основачи на јавните установи за згрижување и воспитание на деца да обезбедат дополнителен простор или да адаптираат соодветен простор за потребите на градинките, доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, соопштуваат од Владата.

Исто така, од Владата препорачуваат градинките да обезбедат соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со Ковид-19 доколку некоја од градинките има потреба од итни и неодложни работи со цел непречено функционирање.

Според протоколот кој го објави Владата на 29 мај, меѓудругото, се посочува дека во градинките треба да се обезбеди растојание од 1.5 до 2 метри меѓу масите за седење на децата. Исто така, треба да се обезбеди креветче и по две постелнини за секое дете.

Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст можат да бидат составени од максимум 6 деца и двајца вработени во смена, додека воспитните групи за деца од 3 до 10 годишна возраст можат да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.

Градинките заедно со училиштата и факултетите беа затворени на 13 март, заради спречување на ширењето на коронавирусот.


Last modified on Вторник, 01 Септември 2020 - 19:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.