Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Петок, 18 Септември 2020

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.
Врховниот суд денеска ја информираше јавноста дека вчера донесе Одлуки според кои се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените во предметот „Тенк“ – Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски. Судот ја потврди правосилната пресуда за предметот донесена од Апелација.

Ѓоко Поповски беше осуден на 6 години и 6 месеци затвор, а тој веќе ја издржува својата казна.

Врховен ја потврди и 2-годишната затворска казна за Никола Груевски за набавка на луксузниот мерцедес, додека Гордана Јанкулоска е осудена со 4-годишна затворска казна.
Врховниот суд на Република Северна Македонија во соопштение објавено на веб-страницата на судот, ја информира јавноста дека на 17-ти септември 2020 година, одлучило по предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, кои се оформени по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

„Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје“, соопшти Врховниот суд.

Експремиерот Груевски избега на 11 ноември 2018 и оттогаш е во Будимпешта. Ѓоко Попоцски е на издржување на казната, останува екс министерката за внатрешни работи Јанкулоска да се најде зад решетки. Таа веќе ги исцрпе сите можности за одлагање. Сега Врховниот суд ќе го извести Основниот кривичен суд, односно судијата за извршување санкции, кој ќе треба да ѝ врачи упатен акт за в затвор.


Last modified on Петок, 18 Септември 2020 - 12:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.