Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Вторник, 29 Септември 2020

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, судот му изрече затворска казна во траење од една година, која што нема да се изврши ако во следните четири години не стори ново кривично дело.

Тој е осуден за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Екс премиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, како нарачател на делото, доби затворска казна во траење од една година и шест месеци.

За истото дело на обвинетите Александар Трајковски, Дарко Стојчевски и Трајче Петковски судот им изрече казна затвор во траење од девет месеци којашто нема да се изврши ако во следните три години не сторат ново кривично дело.

На обвинетите Игор Бошковски и Вангел Трифуновски изречена им е затворска казна во траење од 6 месеци која нема да се изврши ако обвинетите во рок од две години по правосилноста на пресудата не го повторат делото.


Last modified on Вторник, 29 Септември 2020 - 13:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Комисијата за заразни болести со предлoг полициски час од 22 до 5 часот наутро

По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко

Повеќе

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.