Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Бегалец“ презема интензивни мерки за пронаоѓање и приведување на лица кои се предмет на потрага, односно се бараат за издржување на затворска казна од казнено поправните институции во земјава.
Од досега преземените активности во периодот од 15.09. до 01.10.2020 на територијата на Република Северна Македонија приведени се 59 лица за издржување на затворска казна до десет години и се спроведени во казнено поправните институции.
Покрај тоа, во соработка со полициите од другите земји, обезбедени се повеќе лица кои се екстрадирани и пренесени во затворите во нашата држава. Од Германија е екстрадиран Б.Р., кој беше предмет на потрага по меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 32 год. и шест месеци. Од истата земја е екстрадиран и Љ.Ј. кој беше предмет на потрага по меѓународна потерница за истрага по чл.123 од КЗ „Убиство“. Од Австрија е екстрадиран И.С., кој беше предмет на потерница за издржување на казна затвор од 10 години.
Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивни активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во